Санкт Петербург под масовен напад со дронови: „Не излегувајте од домовите“

Утрово, на 6 јуни, Санкт Петербург беше изложен на напад од големи размери со беспилотни воени летала. Системите за противвоздушна одбрана се активни

Санкт Петербург утрово бил цел на масовен напад со беспилотни летала, соопшти гувернерот на градот Александар Беглов.

„Утрово, на 6 јуни, Санкт Петербург беше изложен на напад од големи размери со беспилотни воени летала. Системите за противвоздушна одбрана се активни“, напиша Беглов на платформата Макс, пренесува РИА Новости.

Тој ги повика жителите да останат во своите домови и да избегнуваат излегување, предупредувајќи дека можни се прекини во мобилниот интернет. Аеродромот Пулково е затворен за слетувања и полетувања на авиони, јавува РИА.

Гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко соопшти дека се уништени 86 дронови. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта над руските региони, Црното и Азовското Море и Абхазија биле соборени вкупно 376 беспилотни летала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс