Search

САД успешно слетаа на Месечината за прв пат по половина век

Соединетите Американски Држави се вратија на Месечината за прв пат по повеќе од 50 години, откако приватно изграденото вселенско летало по име „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата со приземјување во близина на јужниот пол на Месечината.

Од компанијата Intuitive Machines, со седиште во Тексас, која го изгради првото комерцијално летало што слета на Месечината, изјавија дека леталото било „исправено и почнало да испраќа податоци“.

Ова го означи првото американско вселенско летало кое слета на Месечината од последната мисија Аполо со екипаж пред повеќе од 50 години. Последен пат американско вселенско летало слетало на Месечината во 1972 година, за време на мисијата Аполо 17.

Американската вселенска агенција НАСА купи простор на Одисеј за шест научни инструменти, а нејзиниот администратор Бил Нелсон им честита на Intuitive Machines за мисијата што тој ја опиша како „триумф“.

Извор: US successfully lands on moon first time in half century with private robot spacecraft | Fox Business

Најново

Последни колумни