САД: Разговорите со Иран остануваат на добар пат и покрај последните напади

Минатата недела американските сили извршија напади врз цели во Иран, откако Вашингтон го обвини Техеран за нападите врз пловни објекти во Ормускиот Теснец.

И покрај неодамнешната ескалација на тензиите и меѓусебните напади, САД очекуваат техничките разговори со Иран да продолжат во наредните денови, соопшти висок претставник на американската администрација.

„Ништо не е откажано“, изјавил функционерот, додавајќи дека техничките преговори за спроведување на меморандумот за разбирање остануваат „на добар пат“ и се одвиваат според предвидениот план.

Според него, дипломатските канали воспоставени по самитот кај Луцерн и понатаму функционираат и служат за намалување на тензиите меѓу двете земји.

Во фокусот е Ормускиот Теснец

Според информациите, САД и Иран привремено ќе ги запрат меѓусебните напади, а во меѓувреме ќе продолжат разговорите за спроведување на договорот. Додека траат преговорите, бродовите ќе можат непречено да пловат низ Ормускиот Теснец – еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и природен гас.

Американскиот портал Axios објави дека двете делегации би можеле утре да се сретнат во Доха, главниот град на Катар, иако засега нема официјална потврда за средбата.

Наместо нуклеарната програма – сега главна тема е Ормускиот Теснец

Разговорите првично требаше да се одржат во Швајцарија и да бидат посветени на иранската нуклеарна програма. Но, по последната ескалација на конфликтот, фокусот е префрлен кон безбедноста на Ормускиот Теснец и зачувувањето на прекинот на огнот.

Минатата недела американските сили извршија напади врз цели во Иран, откако Вашингтон го обвини Техеран за нападите врз пловни објекти во Ормускиот Теснец. Тоа предизвика нова ескалација и покрај меморандумот за разбирање што беше постигнат претходно во јуни. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно најави дека новата рунда технички разговори би можела да се одржи во понеделник или вторник.

На средбата кај Луцерн, на која присуствуваа претставници на САД, Иран, како и посредниците Катар и Пакистан, беше договорено формирање работни групи за прашања поврзани со санкциите, иранската нуклеарна програма, безбедноста на Ормускиот Теснец и одржувањето на прекинот на огнот во Либан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс