САД и Иран блиску до договор: Трамп порача „времето работи за нас“

Вашингтон и Техеран постигнуваат напредок во преговорите за можен договор кој вклучува Ормутскиот теснец и нуклеарната програма, но клучни точки сè уште остануваат отворени.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во преговорите со Иран е постигнат значаен напредок, откако претседателот Доналд Трамп соопшти дека мировниот договор со Техеран е „во голема мера усогласен“. Според американски извори, потенцијалниот договор би можел да вклучува привремен прекин на непријателствата, повторно отворање на Ормутскиот теснец и продолжување на разговорите за иранската нуклеарна програма. Во замена, САД би укинале дел од поморската блокада и би ублажиле одредени санкции кон Иран.

Трамп порача дека нема потреба од брзање и дека „времето е на страната на САД“, нагласувајќи дека постојните мерки против Иран ќе останат во сила додека не се постигне конечен договор. Од друга страна, иранските медиуми тврдат дека Техеран не прифатил нови услови поврзани со нуклеарната програма и дека протокот низ Хормушкиот теснец нема да се врати на состојбата пред конфликтот.

Потенцијалниот договор би вклучувал и обврска Иран да не развива нуклеарно оружје, како и преговори за ограничување на збогатувањето на ураниум. Дел од разговорите се однесуваат и на замрзнат ирански имот и санкциите врз извозот на нафта. Преговорите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат, а иако двете страни потврдуваат напредок, клучните прашања сè уште не се целосно решени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс