Хегсет: САД можат неограничено да ги блокираат иранските пристаништа

Пентагон тврди дека американските воени бродови редовно се ротираат за да го одржат економскиот притисок врз Техеран.
Фото: EPA/MAXIM SHEMETOV

Американската војска располага со доволно капацитети за неограничена поморска блокада на Иран, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Тој нагласи дека воените бродови ќе се ротираат по потреба, додека Вашингтон го засилува економскиот притисок врз Техеран по неуспешните преговори за завршување на конфликтот што започна во февруари.

„Американската воена морнарица може неограничено да одржува ваква блокада бидејќи ќе ги ротираме бродовите како што правевме досега и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Хегсет за време на посетата на Панама.

Американскиот секретар за одбрана им се обрати на членовите на екипажот на разорувачот „УСС Гридли“, кој претходно беше распореден на Блискиот Исток. Неговите пораки сугерираат дека Пентагон му советува на претседателот Доналд Трамп дека војската може да го одржува економскиот притисок врз Иран толку долго колку што е потребно.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Соединетите Држави имаат целосна контрола врз Ормушкиот Тјеснац. Според него, Вашингтон планира да ја задржи таа позиција и во иднина.

„САД имаат целосна контрола врз Ормускиот теснец. Мислам дека ќе ја задржиме! Сите ја нарекуваат нашата поморска блокада ‘челичен ѕид’ и Иран тука не може да направи ништо“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Почетокот на воениот конфликт на 28 февруари, одбележан со американско-израелски воздушни напади врз Иран, доведе до тоа Техеран практично да го затвори овој клучен поморски премин, преку кој претходно се транспортираше една петтина од светската нафта и течен природен гас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс