Ryanair со хумор одговори на високите очекувања на патниците

Ryanair преку фотографија од ЈАТ од 60-тите години ги спореди очекувањата на патниците со реалноста на нискобуџетните летови.

Авиокомпанијата Ryanair на социјалните мрежи на духовит начин им возврати на патниците кои од евтините летови очекуваат услуга како од минатото. Преку објава која брзо стана вирална, тие ја потенцираа разликата меѓу цената и очекувањата на патниците.

Како илустрација беше искористена фотографија од авион на поранешниот ЈАТ од 60-тите години, на која се гледа луксузна услуга со богати оброци, повеќе јадења и персонал кој нуди услуга што денес ретко се гледа. Со пораката „патници: плаќаат 19,99 евра, а очекуваат“, компанијата јасно ја нагласува разликата меѓу некогашниот комфор и денешната реалност на нискобуџетните летови.

Објавата предизвика големо внимание и носталгија, потсетувајќи колку се променило искуството на летање. Од некогашната елеганција и услуга, денес патниците добиваат основни услови, додека за секоја дополнителна услуга се наплаќа посебно.

Иако хумористичен, овој потег на Ryanair отвори и поширока дискусија за тоа што навистина треба да очекуваат патниците кога избираат евтини авионски билети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни