Украина повторно се соочува со еден од најсмртоносните бранови напади во последните месеци, откако руски ракетни и дрон-удари погодија повеќе градови низ земјата, вклучувајќи ги Киев и Днепар. Според украинските власти, досега се потврдени најмалку 22 жртви, меѓу кои и две деца, додека над 100 лица се повредени. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините, бидејќи постои страв дека бројот на загинати може дополнително да се зголеми.
Најтешки последици во Днепар
Во градот Днепар загинале 16 лица. Меѓу жртвите се и осумгодишно момче и една жена, чии тела биле извлечени од урнатините на станбена зграда, соопштија локалните власти. Нападите предизвикале уривање на делови од станбени објекти, а спасувачите со часови трагаат по преживеани под рушевините.
Во главниот град Киев, кој во текот на ноќта бил обвиен во густ чад, загинале најмалку шест лица. Повеќе делови од градот останале без електрична енергија по нападите. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека пожарите избувнале во близина на бензинска пумпа, градилишта, станбени згради и приватни куќи.
„Непријателот користеше балистички ракети“, соопшти шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко.
Напади врз цивилна инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека низ целата земја биле погодени цивилна инфраструктура и енергетски објекти, при што ранети се повеќе од 100 луѓе. Оштетени се и индустриски капацитети во регионот Запорожје, на југоистокот на земјата.
Од руското Министерство за одбрана соопштија дека нападите со дронови биле одговор на претходни украински удари и дека сите „цели на операцијата“ биле погодени, нагласувајќи дека цел биле украински воени објекти.
Од друга страна, Киев тврди дека нападите повторно биле насочени кон цивилни цели и критична инфраструктура.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ваквите удари ќе продолжат, опишувајќи ги како одговор на претходни настани на фронтот. Во меѓувреме, руски регионални служби во Краснодарската област пријавија пожар во нафтена рафинерија во градот Илски, кој настанал по напад со дрон.
Со ова, конфликтот повторно покажува ширење и преку директни удари врз енергетската и индустриската инфраструктура и н