Руска двојка се искачи на врвот на Емпаер стејт билдинг и разви транспарент со мировна порака

Руска двојка каскадери се искачи на врвот на Емпаер стејт билдинг во Њујорк, разви транспарент со мировна порака и изведе запросување, по што беше приведена.

Руска двојка каскадери се искачи на врвот на кулата на Емпаер стејт билдинг во Њујорк, каде разви голем транспарент со порака за светски мир, во потфат што заврши со нивно апсење.

Облечени во црно, Ангела Николау и Вања Беркус го документираа својот смел потфат на социјалните мрежи. Тие се закачиле на антената на кулата, на висина од околу 443 метри над центарот на Менхетн.

На црниот транспарент, испишан со големи бели букви, стоела пораката: „Кога моќта на љубовта ја победува љубовта кон моќта, светот е во мир“.

Запросување на висина од над 400 метри

Малку по 12:30 часот, двојката можела да се види како полека се спушта на пониска платформа во структурата на антената.

Таму Беркус ја запросил Николау, по што двајцата се прегрнале и бакнале.

Двојката и нивните авантури беа тема на документарецот на „Нетфликс“ од 2024 година, насловен „Skywalkers: A Love Story“.

Полицијата ги затворила улиците околу зградата

Њујоршката полиција ги затворила улиците околу зградата, а подоцна соопштила дека двојката била приведена без инциденти.

Полицијата ги идентификувала како 33-годишната Ангелина Николау и 32-годишниот Иван Кузнецов.

Тие се обвинети за неколку прекршоци, меѓу кои провала, небрежно загрозување, криминално штетно однесување, упаѓање во туѓ имот и нарушување на јавниот ред и мир, според портпаролот на њујоршката полиција.

Не е соопштено дали тие и натаму се во притвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс