Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Зеленски ја прекинал посетата на Даблин поради нови разузнавачки информации за можен напад и ги повикал граѓаните на внимателност. Русија контролира околу една петтина од украинската територија, главно освоена во првите месеци од инвазијата во 2022 година.

Руските сили ноќеска извршија голем напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, при што загинале 13 лица, а десетици се повредени, објави „Би-би-си“. Неколку населби биле евакуирани додека нападите ги потресувале зградите низ целиот град, само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нов напад.

Меѓу жртвите има и деца, изјави Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев.

„Непријателот повторно намерно ги гаѓа станбените области и убива цивили“, изјави тој.

Во текот на ноќта се слушале силни експлозии и бил активиран системот за противвоздушна одбрана во повеќе делови од градот. Низ градот избувнале повеќе пожари, а е пријавена штета на амбулантна станица, при што најмалку едно лице е критично повредено.Пожарникарите гаснеле пожар што зафатил хотел на централен булевар.

Државната служба за вонредни состојби соопшти дека 13 лица се загинати, а повеќе од 30 се повредени. Досега се спасени 34 луѓе, а спасувачките операции продолжуваат на погодените локации, меѓу кои и повеќекатна станбена зграда и куќи во југоисточниот дел на Киев. Украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина, на „Икс“ напиша дека станува збор за „уште една ужасна ноќ“ за жителите на градот, кои биле принудени да ја поминат во засолништа.

Ова е прв голем руски напад со ракети и дронови врз Украина во последните повеќе од две недели. Руското Министерство за одбрана соопшти дека биле погодени и воени бази во централна и источна Украина, тврдејќи дека биле таргетирани украинска одбранбена и енергетска инфраструктура како одговор на напади врз руски енергетски објекти.

Зеленски ја прекинал посетата на Даблин поради нови разузнавачки информации за можен напад и ги повикал граѓаните на внимателност. Русија контролира околу една петтина од украинската територија, главно освоена во првите месеци од инвазијата во 2022 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс