Рубио ја одби иранската понуда: Ормускиот теснец не е под власта на Техеран

Американскиот државен секретар ја одби иранската понуда за отворање на Ормузскиот теснец, велејќи дека условите на Техеран се всушност изнуда, а не дипломатија.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека иранската понуда за повторно отворање на Ормускиот теснец не е прифатлива за САД ниту за другите земји. Во интервју за Фокс Њус, Рубио оцени дека Иран под „отворање” подразбира наплата и дозволи за користење на меѓународен пловен пат

Рубио: Иранскиот услов е изнуда, не компромис

Државниот секретар на САД Марко Рубио јасно ја отфрли иранската понуда во интервју за Фокс Њус. Според него, Техеран под „отворање” на Ормускиот теснец подразбира систем во кој другите земји мора да се усогласат со иранските барања, да добијат дозвола или да сносат последици. „Тоа не е отворање на теснецот. Тоа се меѓународни пловни патишта”, рече Рубио.

Вашингтон нема да дозволи иранска контрола врз светската трговија

Рубио нагласи дека САД нема да дозволат да се нормализира систем во кој Иран одлучува кој смее да го користи Ормускиот теснец и под кои услови. Теснецот е стратешка точка низ која поминува значаен дел од светскиот извоз на нафта и природен гас, а негово затворање би имало директни последици врз глобалните енергетски пазари, вклучувајќи ги и земјите од регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни