Капитенот на Шпанија го доби најголемото индивидуално признание по завршувањето на Светското првенство, откако ја предводеше својата репрезентација до втората светска титула во историјата.
ФИФА ги додели индивидуалните награди по крајот на Мундијалот 2026, кој се одржа во САД, Канада и Мексико. За најдобар играч на турнирот беше избран Родри, фудбалерот на Манчестер Сити и лидер на шпанската селекција.
Иако многумина очекуваа наградата да му припадне на Лионел Меси, кој со Аргентина стигна до финалето и имаше одличен учинок, ФИФА го избра Родри за највреден играч на првенството.
Родри беше еден од клучните играчи во тимот на Луис де ла Фуенте, кој во финалето ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и ја обедини европската и светската титула.
Признанието за најдобар млад играч му припадна на шпанскиот дефанзивец Пау Кубарси, кој со стабилните настапи потврди дека е еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.
Голманот на Шпанија, Унаи Симон, ја освои „Златната ракавица“ за најдобар чувар на мрежата. Тој успеа да остане несовладан на седум натпревари, примајќи само еден гол во текот на турнирот.
Килијан Мбапе ја освои „Златната копачка“ како најдобар стрелец на Мундијалот со 10 погодоци на осум натпревари. Французинот стана првиот фудбалер во историјата кој двапати по ред бил најдобар стрелец на Светско првенство.
Со вкупно 22 гола на светските првенства, Мбапе го надмина и Лионел Меси и стана најдобар стрелец во историјата на машките Мундијали.