На петтото издание на „Vogue World“ во Милано, покрај познатите личности и светските манекенки, на пистата се појавија и хуманоидни роботи.
Нивното појавување целосно го изненади присутниот свет на модата. Дизајнерот на „Valentino“, Алесандро Микеле, остана видно изненаден, додека Донатела Версаче реагираше со аплауз.
i had the same reaction as alessandro michele seeing these robots at vogue world https://t.co/exEYboPg9t— ˖᯽ ݁˖ pop backup ˖᯽ ݁˖ (@popbackupp) September 22, 2026
Моментот веднаш привлече внимание и на социјалните мрежи. Додека дел од корисниците беа воодушевени од спојот на технологијата и модата, други изгледот и движењето на роботите ги оценија како „смешни“.
Појавата на роботите сепак покажа колку брзо футуристичката технологија навлегува и во модната индустрија. Самата сцена на пистата ги остави голем број гледачи изненадени, бидејќи роботите досега не беа дел од ваков моден спектакл.