Тишина. Прашина. Сонцето пече. Во градот влегува #RobertovstheWorld – без коњ, но со камера што го носи таму каде што другите ретко се осмелуваат да влезат.
Роден во Гетеборг, со скопски корени и дом во Тајланд, Роберто Власман го има светот на дланка, а зад себе – приказни од места што не се наоѓаат во обичните туристички водичи.
Во првиот рил од новото „РеТрн“, од другата страна го пречекува Дениз Абдула – со прашања наполнети и микрофон изваден побрзо од револвер.
За почетоците, за Гетеборг и Шуто Оризари, за идните планови, Роберто одговара пред камерата на Трн.мк.
Без филтри. Без здодевни прашања. Со многу патувања, неочекувани одговори и уште повеќе смеа.
Кога овие двајца ќе се сретнат, не пукаат куршуми – пука смеа.
Ова не е обично интервју.
Ова е „РеТрн“.
Двобојот започнува сега – а ова е само почетокот