Четириесет и едногодишен маж од ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен синоќа во 19:50 часот во Секторот за внатрешни работи Битола.
Според информациите од полицијата, нападот се случил додека мажот, со иницијали Н.И., собирал печурки во атарот на селото.
По нападот, тој бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му била укажана лекарска помош.
Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите.