Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво во неговиот актуелен мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат.
Рејтингот е намален од 35 отсто, колку што изнесуваше во анкетата спроведена претходно овој месец. Истовремено, околу 80 отсто од Американците сметаат дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време.
Само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана, а растот на цените на горивото дополнително ја зголемува загриженоста кај американските домаќинства. Трамп претходно ветуваше дека ќе ја контролира инфлацијата и дека нема да дозволи долготрајни воени конфликти.
Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за Конгресот. Според анкетата, демократите за првпат по околу една деценија имаат мала предност пред републиканците во довербата за управување со економијата.
Анкетата била спроведена онлајн врз 1.166 полнолетни граѓани на САД, со маргина на грешка од три процентни поени