Search

Red Bull Half Court повторно ги бара најдобрите 3х3 кошаркари во Македонија!

На 15 јуни, на добропознатото игралиште во Влае, Скопје, по вторпат ќе се бираат најдобрите македонски улични кошаркари во 3×3 баскет – Red Bull Half Court Skopje!

После минатогодишното енергично, динамично и тензично премиерно издание на Red Bull Half Court во Скопје, и оваа година во главниот град ќе гостува најголемиот светски 3×3 турнир во баскет. 

Натпреварот оваа година ќе се одржи на целосно обновено игралиште. Подлогата на игралиштето ќе биде исцртана со посебни бои кои не само што ќе му дадат нов изглед на игралиштето, туку и ќе додадат функционалност со тоа што ќе го подобрат триењето, односно ќе го намалат лизгањето на истата. Главен виновник за дизајнот е добропознатиот Сатја Грабуловски, чии дизајни ги имаат облечено стотици познати личности од целиот свет.

Оваа година, најдобриот македонски тим на Red Bull Half Court 2024, турнир кој се одржува во 21 држави ширум светот и се очекува да привлече повеќе од 8,000 очекувани натпреварувачи, ќе оди на Светското финале во Њујорк кое ќе се случи во октомври 2024 година.

Тимовите-учесници во турнирот освен што треба да се изборат за победа, исто така треба да се борат и за уникатната награда – Own the Court бонус. Овој бонус го добива тимот во секоја група што има постигнато најмногу поени кумулативно во сите натпревари. Ова значи дека не е потребно да се брка по секоја цена победа на сите натпревари, затоа што постои шанса за прогрес во турнирот и на друг начин.

Исто така, новитет за оваа година е воведувањето на зоната за три поени т.е. шутот за три поени ќе биде официјално признаен и истиот ќе се бодува.

П.С. Own the Court е единствениот бонус на Red Bull Half Court турнирите!

За повеќе информации околу пријавувањетое, како и деталната листа со правила, проверете на официјалната страна на Red Bull Half Court.

Како за крај, повик до сите улични кошаркари да дојдат на 15 јуни, на теренот во Влае и да бидат сведоци на уште едно уникатно Red Bull Half Court искуство. 

Најново

Последни колумни