Брегот на Слоновата Коска покажа дека не е случајно на Мундијалот како една од најдобрите африкански селекции. Во групата ја победи Еквадор, долго време водеше против Германија, но попушти во завршницата, а потоа рутински го совлада Курасао и обезбеди пласман понатаму со шест бодови.
Норвешка се врати на Светско првенство по пауза од 28 години и импресионираше со 37 гола во квалификациите, од кои 16 беа на Ерлинг Халанд. На турнирот додадоа уште осум, па нивниот напад се смета за една од најголемите закани на Мундијалот.
Франција – Шведска (23:00, Њу Џерси)
Франција е меѓу главните фаворити за титулата и досега има максимален учинок со три победи и 10 постигнати голови. Во последното коло ја совлада Норвешка со 4:1 и ја заврши групата со перфектни девет бодови.
Шведска има еден триумф, едно реми и еден пораз, но остави силен впечаток со седум постигнати голови. Тимот на Греам Потер игра офанзивен фудбал, со гол и примени голови на речиси секој натпревар во последните девет средби.
Мексико – Еквадор (03:00, Мексико Сити)
Мексико влегува како фаворит со максимални девет бодови и без примен гол во групната фаза. Еквадор, пак, се пласира како една од најдобрите третопласирани селекции, со четири бодови.
Домаќинот се потпира на одлична форма, силна одбрана и огромна поддршка од трибините, но Еквадор доаѓа со самодоверба по големото изненадување против Германија, па се очекува многу неизвесен дуел.