Битола Шекспир Фестивал

Работилницата за деца „ И по Шекспир – Шекспир!“

На 2 јули во 10 часот во Малата сала на Центарот за култура – Битола заедно со драматургoт Билјана Крајчевска и учениците актери од школата „Фабрика за мечти“ на режисерката Софија Ристевска – Петрушева, а во рамките на 10 тиот Битола Шекспир Фестивал, најмладите ќе „шекспируваaт“ на работилницата за деца „ И по Шекспир – Шекспир!“

Работилницата е бесплатна и наменета за деца од 5 до13 годишна возраст со траење од 2 часа, односно од 10:00 до 12: 00 часот на пладне.

На децата не им треба претходно познавање на (сцените од) делата на Шекспир и организаторите ги охрабруваат тие сами и на свој начин да ја откријат приказната.

„Користејќи минимални реквизити и костими, децата актери од школата „Фабрика за мечти“ играат – глумат сцени од делата на Шекспир со оригиналниот текст преведен на македонски јазик. Потоа користејќи ја нашата интерактивна работилница, заедно ги водиме останатите деца низ сцените – и тие низ игра стануваат „ новите актери“. Сите деца но овој начин развиваат чувство за слушање, концентрација, имагинација, си ја зголемуваат самодовербата и најважно: а бе дечки забавно е! Децата се охрабруваат да внесат свои креативни идеи создавајќи своја верзија на приказната – значи и по (според) сцените од делата на Шекспир – повторно градејќи (наш и најнов) Шекспир со помош на …Е па дојдете да шекспируваме, па сами (без мама, тато, дада, тети, бато) ќе си видите како :)“ велат организаторите.

Бројот на деца е ограничен, а принципот е кој стигнува навреме- останува да си игра!

е-Трн да боцка во твојот инбокс