Крушево од 19 до 21 јуни повторно ќе биде центар на гитарската уметност со 17. издание на International P.S. Guitar-Fest Krushevo, фестивал посветен на класичната гитара, младите таленти и мајсторските изведби.
Фестивалот ќе се одржи во Спомен-куќата на Тоше Проески, простор што дополнително ја засилува емотивната димензија на настанот и ја поврзува музиката со едно од најважните културни сеќавања на Крушево.
Во текот на трите фестивалски дена, публиката ќе има можност да проследи концерти на реномирани гитаристи и настапи на млади учесници од школата за гитара. Програмата започнува на 19 јуни во 20 часот со концерт на Милош Вуковиќ од Србија.
На 20 јуни, исто така од 20 часот, ќе настапи Duo Artissimo од Романија, а фестивалот ќе заврши на 21 јуни во 12 часот со финален концерт на учесниците од школата за гитара, под менторство на м-р Васко Пиличев од Македонија.
Организаторите најавуваат три дена исполнети со врвна музика, емоции и изведби што ја слават класичната гитара како инструмент на интимност, техника и силен уметнички израз.
Влезот е слободен за сите концерти.