Прво злато за Македонија во Таранто, Белистојаноски убедливо победи во финалето

Матеј настапи фуризоно уште на самиот почеток и со резултат 6:0 го победи Хрватот и на Македонија ѝ го донесе првиот златен медал

Македонија го освои првиот златен медела на Медитеранските игри.

Пред малку, во карате во категоријата до 67 килограми Матеј Белистојаноски победи во финалето против хрватскиот каратист Боран Берак.

Матеј настапи фуризоно уште на самиот почеток и по три минути дуел со резултат 6:0 го победи Хрватот и на Македонија ѝ го донесе првиот златен медал.

Со ова Македонија го впиша шестиот медал на 20. Медитерански игри, а покрај денешниот златен, имаме и две сребра и три бронзи.

Медитеранските игри завршуваат во четврток, на трети септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс