Првата вечер од „Виноскоп“ помина во одлична атмосфера

До петокот, Градски парк останува отворена сцена за селекција на вина и гастрономски понуди на фестивалот „Виноскоп“

„Школка“ и Градски Парк вчера беа домаќини на првата вечер од „Виноскоп“ еден од најпопуларните фестивали во Скопје, кое годинава го има своето 15-то издание.

Отворањето помина во позитивно расположение и фестивалски дух, со настапи на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Посетителите имаа можност да уживаат во богата винска понуда и гастрономски содржини под отворено небо.

Фестивалот се одржува од 13 до 17 мај, а програмата продолжува и денес, 14 мај, со почеток од 18:00 часот. Публиката вечерва ќе ја забавуваат DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле.

До петокот, Градски парк останува отворена сцена за селекција на вина, гастрономски понуди, разновидни настапи и пролетно уживање наменето за сите генерации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс