Бесплатен ранец, ужинка и 3.000 денари: Поддршка за секое прваче во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбедува бесплатен ранец, ужинка и 3.000 денари за секое прваче за полесен почеток на учебната година.

пштина Ѓорче Петров и оваа година воведува мерки за поддршка на најмладите ученици, со цел полесен и подеднаков старт на нивното образование.

Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со прибор, финансиска поддршка од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка. Од Општината велат дека со овие мерки сакаат да обезбедат еднакви услови за сите деца уште од првиот училишен ден.

„Првиот училишен ден е почеток на едно големо патување исполнето со нови знаења, пријателства и соништа. Затоа и оваа година Општина Ѓорче Петров е тука да им го олесни тој прв чекор на нашите најмлади. Веруваме дека секое дете заслужува еднаков почеток и безгрижно да зачекори во училишните клупи. Инвестираме во образованието денес, затоа што градиме подобра иднина за утре“, порача градоначалникот Александар Стојкоски.

Мерката е дел од континуираните напори на локалната самоуправа за поддршка на семејствата и подобрување на условите за образование во општината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс