Прв базар на мали еколошки бизниси

Во сабота, 21 октомври 2023 година, со почеток од 12:00 часот во Бистро Комедија, ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси организиран од Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for Less и Europe House Skopje.

Биоразградливи хулахопки, накит од рециклирана пластика, природна козметика, облека од втора рака и природни материјали, житни цевки за пијалаци, освежувачи за простории од кора од портокал се само дел од македонските иновативни и еколошки производи кои ќе може да ги најдете на базарот.

Истите ќе бидат понудени од бизниси како Пура Перла, Игнеа, Еко восочни обвивки, KVembroidery, Mирјана Јосифоска, Април 22, О-круг, Креместаре, Уна, Candlenest, Bilkilife, Ellie Art, Ормарче, Органаутс, Втор живот, Натура тиби, Sunilens, Контура, итн.

Во сабота ќе се дружиме со целата еко заедница на Yes for Less која ги вклучува овие и други бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој на нашата држава, како и голем број на поединци кои сметаат дека моќта за подигнување на еколошката свест и менување на нашите навики е во наши раце, се вели во објавата од организаторот.

Програма:

9:00-11:15ч. Работилница “Еколошки бизниси: Комуникација и пристап до потрошувачите”, наменета само за бизнисите кои земаат учество на базарот. Предавачот е Игор Мишевски – претприемач, инвеститор, експерт за развој на пазарни системи, основач на Импакт Фондација.

12:00-16:00ч. Базар, отворен и бесплатен за сите посетители

Изговорот дека еколошките алтернативи не постојат или е тешко да се најдат нема да важи наредната сабота. За екстра добра атмосфера ќе се погрижи и DJ Chvare. Ве очекуваме!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни