Протест пред Европскиот парламент: Дали новиот закон ќе дозволи неограничено користење пестициди?

Неколку стотици луѓе протестираа пред Европскиот парламент во Стразбур против законски измени за пестицидите, предупредувајќи на ризици за здравјето и природата.

Неколку стотици луѓе се собраа во вторникот пред Европскиот парламент во Стразбур, протестирајќи против контроверзниот предлог-закон за пестициди. Демонстрантите стравуваат дека предложените измени би можеле да ги ослабат постојните заштитни механизми и да овозможат неограничено одобрување на одредени пестициди. Според предупредувањата на учесниците во протестот, законските измени би можеле и да ги продолжат роковите во кои производите на кои им е забранета употребата сепак ќе можат да останат на пазарот.


Меѓу демонстрантите имало активисти, земјоделци, научници и лица заболени од рак. Тие ги повикаа европратениците да го стават јавното здравје на прво место и да ги отфрлат предложените измени. Предлогот предизвика загриженост поради можните последици од изложеноста на пестициди врз здравјето на луѓето и животната средина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс