Професорка од штипскиот универзитет уапсена под сомнение дека примила поткуп од студент

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е уапсена под сомнение дека побарала и примила 300 евра од студент за да му овозможи да положи испит.

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е уапсена под сомнение дека побарала и примила 300 евра од студент за да му овозможи да положи испит.

Станува збор за 39-годишната Т.А. од Штип, која полицијата ја лишила од слобода во понеделникот во 11:45 часот, веднаш откако, според информациите, ги примила парите.

Случајот го пријавил 26-годишен студент од Турција, кој има привремен престој во Штип.

Според пријавата, професорката на 22 јуни му побарала 300 евра за испит што требало дополнително да го полага на 29 јуни.

Означени банкноти од по 100 евра

Полицијата, во координација со Основното јавно обвинителство Штип, му предала на студентот три криминалистичко-технички обработени банкноти од по 100 евра.

Професорката била уапсена веднаш по примопредавањето, а означените банкноти биле пронајдени и одземени.

Таа е задржана во полициска станица.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава поради сомнение за кривично дело „примање поткуп“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс