„Антропик“ достигна околу 1,5 билиони долари, со што компанијата се вброи меѓу 15-те највредни котирани компании во светот. Дополнително, преку приватен пласман се обезбедени 26 милијарди долари, во кој учествуваат „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Еј-Ем-Ди“. И „Енвидија“ планира да вложи 10 милијарди долари во компанијата.
Со побарувачка седум пати поголема од понудената количина на акции, Антропик може да смета на сериозна поддршка од инвеститорите и отворен простор за понатмаошен развој на нивните ВИ модели.
OpenAI најголемиот конкурент на Антропик, излегувањето на берзите го планира за 2027 година и тоа ќе биде следниот настан кој вреди да се следи во трката за запоседнување на пазарот за вештачка интелигенција. Засега Антропик го презема водството, барем во однос на присуството на пазарите на хартии од вредност.
Јазичните модели на Антропик и OpenAI веќе се наголемо пристуни и во Македонија, кај дел од населението предизвикуваат одбивност, но голем дел ги користи секојдневно за работа, а и како личен советник за најразлични работи и состојби.
