Седум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, петмина од нив управувале возило без возачка дозвола. Двајца биле затекнати во Кичево, а тројца во Скопје.
Дополнително, двајца возачи биле приведени поради управување возило под дејство на алкохол, од кои еден во Неготино и еден во Кичево.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без положен возачки испит, со забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел поголема безбедност на патиштата.