Научници идентификуваа хормон кој ги согорува мастите без да го потиснува апетитот

FGF21 делува на истиот дел од мозокот како Оземпик и Вегови, но наместо да го намалува внесот на храна, го зголемува трошењето на енергија ова е наод кој може да отвори нова насока во третманот на дебелење и масна болест на црниот дроб.

Истражувачи од Универзитетот Оклахома открија дека хормонот FGF21 го намалува телесното тежиштето кај глувци преку специфично мозочно коло во задниот мозок, регионот каде делуваат и популарните лекови за слабеење. Наодот е објавен во научното списание Cell Reports.

Научниците очекувале дека хормонот FGF21 ги испраќа сигналите до хипоталамусот, делот од мозокот најпознат по регулацијата на телесната тежина. Наместо тоа, откриле дека хормонот делува преку задниот мозок, конкретно преку структурите наречени нуклеус на солитарниот тракт и area postrema, кои понатаму комуницираат со парабрахијалното јадро.

„Мислевме дека ќе го пронајдеме сигналот во хипоталамусот, па бевме многу изненадени кога откривме дека оди во задниот мозок, каде што се верува дека делуваат и аналозите на GLP-1″, изјави водечкиот истражувач Метју Потхоф, професор по биохемија и физиологија на Медицинскиот факултет во Оклахома.

Согорува енергија, не ја потиснува гладта

Иако FGF21 и лековите од типот GLP-1 (Оземпик, Вегови) влијаат на ист регион од мозокот, механизмот е сосема различен. Лековите од типот GLP-1 го намалуваат апетитот и внесот на храна, додека FGF21 го зголемува метаболичкото согорување на енергија, со што телото губи на тежина без потиснување на гладот.

Пат кон попрецизни терапии без несакани ефекти

Идентификувањето на конкретното мозочно коло е клучно за развојот на потаргетирани терапии. Постојните аналози на FGF21 имаат несакани ефекти, вклучувајќи гастроинтестинални проблеми и во одредени случаи, губење на коскена маса, наведе Потхоф. Неговиот тим смета дека прецизното познавање на механизмот може да овозможи лекови со иста ефикасност, но помалку несакани ефекти.

Можна примена и кај масната болест на црниот дроб

Лековите базирани на FGF21 веќе се тестираат во клинички испитувања за MASH (метаболичка дисфункција-асоцирана стеатохепатитис), сериозна форма на масна болест на црниот дроб. Тимот планира дополнителни студии за да утврди дали истото мозочно коло го посредува и овој ефект на хормонот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни