Претставата „Уна“ од Стеван Копривица, во продукција на белградскиот Звездара театар, ќе биде изведена на фестивалот „Охридско лето“ на 16 август.
Пред македонската публика во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 21 часот, ќе настапи актерската екипа во состав Никола Ристановски, Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.
Станува збор за повеќекратно наградувана претстава, создадена според мотиви од романот „Уна“ на Момо Капор. Ова е прво гостување на претставата во Македонија.
„Уна“ премиерно беше изведена на 12 октомври 2025 година, во режија на Дејан Пројковски. Костимограф е Ивана Ристиќ, додека музиката е на Горан Трајкоски.
Гостувањето на Звездара театар е дел од програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, кој и годинава во Охрид собира уметници и ансамбли од регионот и светот.
По Охрид, Ѕвездара театар со истата претстава ќе гостува и во Македонскиот народен театар во Скопје