Претставата за деца „Волшебникот од Оз“ во Центарот за култура во Куманово

Во петок, на 30 август од 18:00 часот во Центарот за култура во Куманово, на репертоар е претстава за деца „Волшебникот од Оз“

,,Дојдете да се дружите со ликовите на Дороти, Страшилото, Дрвосечачот, Лавот, Волшебникот, Добрата и Лошата вештерка. Да научиме за љубовта, храбоста, паметта и љубовта спрема сопствениот дом. Да се запознаете со Дороти од Канзас која ветрот ја носи во една магична земја. Таму запознава пријатели со кои оди по жолтиот пат за да го бара Смарагдниот град.Што се случува таму ќе ви раскажат ликовите од претставата. Ве очекуваме” , порачуваат од Центарот за култура.

Билетите се во продажба од 26 август (понеделник) на билетара во Центар за култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс