Позната причината за смртта на актерката Мишел Трахтенберг

Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогата во серијата Gossip Girl, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзината смрт, изјавија полициски извори за ABC News.

Мишел, која имала 39 години, била пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, околу 8 часот по локално време. Телото го открила нејзината. Полицијата за медиумите потврди дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Ќе биде извршена и обдукција.

Според TMZ, на актерката неодамна ѝ била извршена трансплантација на црн дроб, која била неопходна по долготрајна борба со проблемите предизвикани од консумирање алкохол. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот Сартиан во СоХо минатиот четврток вечер.

„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт на местото на настанот. Смртта не се третира како сомнителна. Истрагата е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.

Мишел Трахтенберг е најпозната по улогата на Даун Самерс, помладата сестра на Бафи, во серијата Buffy the Vampire Slayer, во која глумеше од 2000 до 2003 година во вкупно 66 епизоди.

Гледачите ќе ја паметат и како Џорџина Спаркс, позната како Вештерка од Горниот Ист Сајд во 28 епизоди од хит серијата Gossip Girl, која се емитуваше од 2008 до 2012 година.

Мишел Трахтенберг пораснала во Њујорк, а нејзината мајка Лана и сестрата Ајрин подоцна се преселиле во Тарзана, Калифорнија. Нејзиниот татко Мајкл сè уште живее во Бруклин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни