Пожари беснеат и во Албанија и во Црна Гора

Целиот Балкански полустров е под влијание на сушно и многу топло време што влијае на зголемена појава на шумски пожари.

Освен во Македонија, Грција и Србија, сериозни шумски пожари беснеат и во Албанија и во Црна Гора

Околу 450 пожарникари, припадници на вооружените сили и други служби се распоредени на терен во обид да изгаснат пожари на девет локации низ Албанија.

Пожари има во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и Ѓирокастро, соопшти албанското Министерство за одбрана. Најтешка е состојбата во областа Лура, во регионот Дебар, каде за гаснење се ангажирани околу 200 луѓе.

Големи пожари ја зафатија и Црна Гора особено северниот дел, каде најкрирично беше во општината Херцег Нови, каде огнот стигна близу куќите во одредени населби како Бијела.

По синоќешната целовечерна борба, состојбата со пожарот во близина на Херцег Нови е нешто подобра денеска, куќите се одбранети, а првиот авион на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора пристигна на местото на пожарот, додека се очекува пристигнување на втор, соопшти Службата за заштита и спасување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс