Пожар рано утрово во Шуто Оризари: Изгореа неколку дуќани, се проверува дали бил подметнат

Голем пожар избувна рано утрово во Шуто Оризари и зафати неколку дуќани. Нема информации за повредени, а причините за пожарот засега не се познати.

Голем пожар избувна рано утрово во скопската општина Шуто Оризари, при што се запалиле и изгореле неколку дуќани. На терен се интервентни противпожарни екипи, кои работат на локализирање и гаснење на огнот. Според првичните информации, пожарот зафатил поголем број објекти, а засега нема пријавени повредени лица.

Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е официјално утврдена. Неофицијално, постојат сомневања дека пожарот можеби бил подметнат, но оваа информација засега не е потврдена од надлежните институции. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на интервенцијата и увидот на местото, како и по официјалните информации од Министерството за внатрешни работи и противпожарните служби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс