Пожарите во Франција открија тајна скривница на муниција од Втората светска војна

Пожарникарите стигнаа до закопан арсенал со тони експлозив во шумите на југот од земјата, по што следеше итна евакуација на околните жители.

Шумските пожари што го зафатија јужниот дел на Франција открија заборавена скривница со муниција од Втората светска војна. Огнот го оголи теренот и ги активираше детонациите на закопаните гранати, поради што властите мораа итно да евакуираат десетици семејства и да повикаат пиротехнички екипи за деминирање.

Додека противпожарните екипи се бореа со огнетата стихија, од густата вегетација почнаа да се слушаат експлозии. Пожарот го прогори површинскиот слој земја и откри значајна количина неексплодирани убојни средства. Специјализираните екипи веднаш воспоставија безбедносен кордон за да спречат дополнителни ризици по животот на пожарникарите кои се обидуваа да го локализираат огнот.

Локалните власти соопштија дека станува збор за скривница користена за време на борбите во Втората светска војна. Поради високите температури и огнот кој брзо се ширеше, дел од старата муниција самостојно се активираше. Пиротехничарите работеа под екстремен притисок за да го обезбедат теренот и да им овозможат на пожарникарите безбедно да го изгаснат пожарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс