Пожар изби во саудиска рафинерија на Арамко, нема повредени

Саудиските власти соопштија дека е постапено по инцидентот во објектот во Јазан, близу границата со Јемен, без жртви и прекини во снабдувањето.

Пожарот што rано утрово изби во објект на рафинеријата „Јазан“, во сопственост на саудискиот енергетски гигант „Сауди Арамко“, е целосно изгаснат од страна на противпожарните екипи, соопшти Министерството за енергетика на Саудиска Арабија. Според официјалните информации од властите, во инцидентот нема повредени лица, а екипите за индустриска сигурност брзо го ставиле огнот под контрола.

Тимовите за безбедност и заштита во „Сауди Арамко“ реагираа веднаш по избувнувањето на пламенот во саудискиот индустриски комплекс. Надлежните служби во моментов ги спроведуваат завршните процедури и увид за целосно расчистување на теренот и утврдување на сите околности.

Саудиското Министерство за енергетика засега не објави детали околу причините што доведоа до овој инцидент.

Рафинеријата се наоѓа во регионот Јазан, на самиот брег на Црвеното Море, во непосредна близина на границата со Јемен. Оваа позиција ја прави една од клучните енергетски точки во тој дел од земјата.

И покрај локацијата и специфичноста на комплексот, локалните власти потврдија дека ситуацијата е стабилна и дека нема дополнителен ризик за околните објекти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс