Избувна пожар во пакистанската амбасада во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на Амбасадата на Пакистан во белградската населба Дедиње. Засега нема информации за повредени лица или причината за пожарот.
Screenshot

Пожар избувна утрово во зградата на Амбасадата на Пакистан во белградската населба Дедиње, што предизвика вознемиреност кај жителите на овој дел од српската престолнина.

На фотографии и видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад кој се издига од еден од горните катови на дипломатското претставништво.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот, ниту како избувнал. Надлежните служби сè уште немаат објавено официјални информации за причините за инцидентот.

Во моментот нема податоци за евентуално повредени лица, а не е познат ниту обемот на материјалната штета.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и истрагата на надлежните органи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс