Шест лица се повредени во пожарот што избувнал во текот на ноќта во хотел во центарот на индискиот град.
Најмалку девет лица загинаа, а шест се повредени во пожар што ноќеска избувнал во хотел во Калкута, главниот град на индиската сојузна држава Западен Бенгал, соопшти полицијата.
Пожарот избувнал околу 1:45 часот во хотел во центарот на градот, во близина на седиштето на противпожарната служба. Локалните медиуми објавија дека пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола.
Засега не се познати причините за пожарот. Надлежните служби спроведуваат истрага за да утврдат како дошло до несреќата.