Search

Повик за волонтери на Стрип Трип 2024

Фестивалот „Стрип Трип 2024“ што ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје, распишува повик за волеонтери.

„Фестивалот Стрип Трип е одраз на посветеноста кон деветтата уметност на сите учесници. За ова искуство да биде навистина незаборавно, клучен е волонтерскиот тим. Придружете ни се во завршните подготовки на фестивалот и запознајте се подобро со претставниците на актуелната стрип сцена. Претходно волонтерско искуство не е неопходно, но љубов кон стрипот дефинитивно е“ велат од Стрип Трип.

Пријавување и повеќе информации на мејл на makstripovi.ngo@gmail.com

Претстојниот фестивал соред најавата во програмата ќе содржи:

• Дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија
• Гости автори и издавачи
• Изложба на реномирани стрип цртачи
• Супер музичка програма
• Работилница за цртање стрип за деца
• Филмска програма
• И берза на стрипови

Најново

Последни колумни