Повик до младите студенти за пишување статии

Connecting Youth (CY) објавува повик до сите млади студенти, активисти и истражувачи од Македонија да ги споделат своите гледишта и ставови преку пишување статии на различни општествени теми.

„Зошто да го споделиш твоето гледише? Со твојата статија, токму ти ќе имаш можност да го засилиш гласот на младите од Западен Балкан, да допринесеш кон зголемено младинско учество и пишуваш на тема која според тебе, а и за твојот регион е важна, чија крајна и главна цел е создавање на решенија кои можат да го подобрат социо-економскиот развој – токму во твојот регион“, објаснуваат организаторите на повикот.

Платформата CY Blog е дополнителен ресурс за сите оние кои се заинтересирани за посекојдневен пристап кон темите кои се главниот фокус на платформата. Блогот ќе содржи содржини генерирани од корисници со теми кои се релевантни за партнерите, заинтересираните страни за млади и за пошироката јавност.

Целосните информации за повикот заинтересираните можат да ги добијат на следниот линк 

https://connecting-youth.org/news/CY%20Call%20for%20Articles%20Version.pdf

е-Трн да боцка во твојот инбокс