Search

После успешно изгласан референдум во Словенија ќе се легализира канабисот за лична употреба

Паралелно со изборите за Европскиот парламент во Словенија викендов се одржа и советодавен референдум за неколку прашања.
Словенците беа прашани дали лицата кои употребуваат марихуана за медицински цели треба да одгледуваат канабис за лична употреба, на што 66,54 отсто од граѓаните одговориле позитивно.

Тамошните граѓани беа прашани и дали се и за легализација на употребата на марихуана за рекретативни цели, на што позитивно одговориле 51,53 проценти од граѓаните.

Позитивно словенските граѓани одговориле и за еутаназија, како и на прашањето за повластено гласање.

Најново

Последни колумни