По три дена неработење, денеска кончено проработе „Македонска пошта“ а информацијата беше објавена на фејсбук профилот на „Пошта“
Вчера пак исто така на Фејсбук од Пошта информираа дека имале проблем со софтверската инфраструктура:
„АД Пошта на Северна Македонија ја информира јавноста дека е точно оти веќе три дена информатичкиот систем на компанијата не е во функција поради дефект на серверската инфраструктура. Во овој момент причините за дефектот сè уште не се познати и не може да се тврди дека истиот е настанат како последица на невремето или од која било друга конкретна причина. По целосното нормализирање на системот ќе биде спроведена детална анализа за утврдување на причините за настанатиот дефект“, напишаа од Пошта.
Нефункционирањето на поштата доведе до револт кај граѓаните кои ги користат нејзините услуги, а реагираше и пратеникот Димитар Апасиев кој посочи дека три дена поштата не примала никакви пратки и писма, со што се отежнувала работата на адвокати, нотари и слично а оштетени биле и граѓаните.