Поплави во Италија предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот и прекин на наставата на 9 октомври. Во 46 општини во регионот Кампанија училиштата останаа затворени, додека пожарникарите во околината на Наполи спасуваа луѓе заглавени во своите автомобили, објави италијанскиот јавен сервис РАИ.
Силните врнежи во текот на ноќта дополнително ја влошија состојбата по претходните невремиња. Во северниот дел од поширокото подрачје на Наполи беа регистрирани паднати дрвја, оштетувања на коловозите и поплавени улици.
Кај Џуљано во Кампанија, поради вода на коловозот, привремено беше затворен дел од државниот пат „Домитијана“ во двете насоки. Возилата беа пренасочувани преку излезите кај Варкатуро и Џуљано.
Во Арцано, една од погодените општини, беше обновено снабдувањето со електрична енергија во индустриската зона. Во префектурата се состана координативниот центар за спасување, со претставници на пожарникарите, цивилната заштита и локалните власти