Попладнево услови за дожд и засилен ветер во делови од Македонија

Локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен северен ветер

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска (24.07.2026 година) времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни (над 15 l/m²).

Локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 km/h.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс