Годинешното издание на Филозофскиот филмски фестивал започна вчеравечер во МКЦ, со проекција на италијанскиот филм „Друг крај“ на Пјеро Месина.
Првата фестивалска вечер собра стотина посетители, кои ја проследија филозофски курираната програма со која беше отворено новото издание на фестивалот. Филмот „Друг крај“ е дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови, а пред проекцијата програмата накратко ја најави селекторот м-р Кирил Трајчев.
Отворањето продолжи на платото пред МКЦ, каде вечерта ја заокружија „Галактик ефенди“ со суптилни џез-импровизации.
Организаторите им се заблагодарија на посетителите и порачаа дека се надеваат оти публиката излегла од првата вечер „со повеќе прашања отколку што влегла“. Фестивалската програма продолжува во наредните седум дена.