Почина соул и R&B легендата Карл Карлтон

Американскиот соул и R&B пејач Карл Карлтон, автор на безвременските хитови „Everlasting Love“ и „She’s a Bad Mamma Jama“, почина на 72-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Веста за неговата смрт ја потврди синот Карлтон Хаџенс II, кој на социјалните мрежи се прости од татко му со емотивна порака, наведувајќи дека зад него стои долга и тешка животна борба. Засега не е објавена официјалната причина за смртта.

Карлтон имаше сериозни здравствени проблеми по мозочниот удар што го доживеа во 2019 година, по што следуваа дополнителни компликации, пренесуваат странските медиуми.

Роден во Детроит, Карлтон ја започна музичката кариера во 1960-тите под псевдонимот „Малиот Карл Карлтон“. Првото поголемо внимание го привлече со песната „I Can Feel It“, која се најде на листата Billboard Soul Singles, а светската слава ја стекна во 1974 година со „Everlasting Love“, еден од најпрепознатливите соул хитови на сите времиња.

Најголемиот комерцијален успех го постигна во 1981 година со „She’s a Bad Mamma Jama“, песна што му донесе и номинација за Греми и го вцрта меѓу највлијателните R&B изведувачи на својата генерација.

По неговата смрт, бројни музичари и колеги му оддадоа почит, нагласувајќи дека Карл Карлтон ќе остане запаметен како еден од клучните гласови на златната ера на соул и R&B музиката. Информации за погребот и евентуална комеморација засега не се објавени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни