Почина славниот гитарист на Whitesnake и Thin Lizzy

Џон Сајкс, гитаристот на познатите рок бендови Whitesnake и Thin Lizzy, почина на 65-годишна возраст.
Фото: Alec MacKellaig, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Веста за смртта на познатиот гитарист Џон Сајкс беше објавена на неговата официјална страница на Фејсбук во понеделникот вечерта со објава дека тој подлегнал на ракот со кој се борел неколку години.

„Со голема тага ја споделуваме веста дека Џон Сајкс почина по тешка битка со ракот. Многумина ќе го паметат како човек со извонреден музички талент, но за оние кои не го познаваа лично, тој беше внимателен, љубезен и харизматичен човек чие присуство ја осветлуваше просторијата.“

„Тој секако маршираше во ритамот на сопствениот тапан“, се вели во објавата.

„Последниве денови тој зборуваше за својата искрена љубов и благодарност кон неговите обожаватели кои беа со него сите овие години. Иако болката е огромна поради неговото заминување, а расположението е мрачно, се надеваме дека светлоста на сеќавањето на него ќе ја изгаси сенката од неговото отсуство“.

На својата страница на Инстаграм, фронтменот на Whitesnake Дејвид Ковердејл напиша:

„Само што ја слушнав шокантната вест за смртта на Џон… Моето искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и обожавателите…“

Сајкс ја започна својата кариера во бендот од Блекпул, Streetfighter пред да се приклучи на хеви метал групата Tigers Of Pan Tang во 1980 година. По две години албуми и турнеи, тој го напушти бендот и стана главен гитарист на ирската рок група Thin Lizzy.

Тој се појави на последниот албум на бендот, „Thunder And Lightning“, од 1983 година.

Подоцна му се придружил на фронтменот Фил Линот на неговата европска турнеја со бендот наречен The Three Musketeers.

Кавердејл го следеше Сајкс да се приклучи на групата Whitesnake и тој на крајот се појави на албумот „Slide It In“ од 1984 година и на платинестиот албум од 1987 година.

Сепак, Сајкс го напушти и овој бенд и ја формираше групата Blue Murder со Тони Френклин и Кармин Апис.

Во 1996 година, Сајкс повторно се приклучи на новореформираната Thin Lizzy и беше на чело на бендот до 2009 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни