Кристина Санадера, долгогодишната партнерка на актерот Клинст Иствуд почина на 61 година, а тажната вест ја потврди актерот.
„Кристина беше прекрасна жена и многу ќе ми недостасува“ рече тој.
Заедно тие поминаа десет години, иако разликата помеѓу нив беше 33 години. Тие двајца се запознале во неговиот ресторан, каде што таа беше вработена како хостеса.
Никогаш не се венчаа, иако Иствуд зад себе има два брака и осум деца.