Започнаа уписите во средните училишта

Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата

Од денеска започна процесот за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година, во првиот уписен рок/

Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. 

Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според конкурсот на МОН, првото е од 00.00 часот на 12 јуни до 23.59 часот на 15 јуни, а второто пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август.

Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс