По коцкарниците на ред се брзите кредити: Политичка најава и критики од здруженијата

Предлог-законот за игри на среќа предвидува построги правила за рекламирање и растојание од 500 метри од училиштата, но здруженијата предупредуваат на сива економија.
Free public domain CC0 photo. More: View public domain image source here

Владата на Влада на Северна Македонија го утврди новиот текст на предлог-законот за игрите на среќа, со кој најавува построги правила за работењето и рекламирањето на коцкарскиот сектор. Според најавите, казината ќе мора да бидат најмалку 500 метри оддалечени од училиштата, додека обложувалниците ќе останат, но со забрана за рекламирање кое го поттикнува коцкањето или го прикажува како начин до успех. Воедно, се предвидува и забрана за користење јавни личности во рекламите.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека паралелно ќе се преземат мерки и против таканаречените „брзи кредити“, оценувајќи дека задолжувањето на граѓаните придонесува за иселување. Од здружението Сакам да работам реагираат дека предложените измени може да имаат сериозни економски последици и да го турнат легалниот сектор во сива зона. Според нив, воведувањето оддалеченост од 500 метри би можело да доведе до затворање на легални објекти, а со тоа и до раст на нелегалното коцкање.

„Дистанцата е депласирана кога младите преку мобилни уреди имаат директен пристап до онлајн игрите на среќа“, наведуваат од здружението, предупредувајќи дека мерките може да резултираат со губење на илјадници работни места.

Од Владата пак истакнуваат дека паралелно се спроведуваат акции против нелегалното онлајн коцкање и дека досега се затворени 358 нелегални странски платформи кои работеле на домашниот пазар. Пакетот мерки, според најавите, треба да продолжи и во следниот период со дополнителни контроли и законски измени насочени кон регулирање на секторот и заштита на младите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс