Search

По 40-та година мажите се возбудуваат на поинаков начин

Според неодамна спроведена анкета, мажите со над 40 години особено сакаат две работи – веројатно ќе се изненадите кога ќе прочитате кои се тие. Од друга страна, помладите мажи се посклони кон експериментирање, што од една страна е логично.

Мажите сакаат брз и „валкан“ секс без никакви граници? Да, можно е. Според анкетата на интернет страницата „LeAffair“ значително се разликува желбата на мажите постари од 40 години и оние помладите.

Што ги возбудува средовечните мажи? Нежно, а не „валкано“ и грубо!

Верувале или не, мажите постари од 40 години најмногу сакаат романтика во кревет. Бакнувањето и нежниот секс, се наоѓаат на првото и второто место на нивните желби.

Потоа на листата следи нормален секс, а потоа и секс кога жената е облечена во секси долна облека и носи високи потпетици, SM играчки и секс во тројка.

Фотографирање или снимање за време на сексот воопшто не им паѓа на памет. А, каква е ситуацијата со помладите момчиња?

Мажите во 20-тите и делумно 30-тите години, барем според оваа анкета се подготвени да експериментираат во сексот. Секси фотографии и видеа? Тоа им е одлично! И, сексот со повеќе лица им е една од желбите.

Истражувањата покажале дека мажите сексуално се најактивни и најмоќни меѓу 20-тите и 30-тите години. Меѓутоа, тогаш сепак повеќе се концентрирани на квантитетот, а не на квалитетот во кревет.

Во средните 40-ти години животот најмногу се менува на квалитет во сексот. Потврдено е дека во добата од 45 години мажите, но и жените имаат помалку секс, но сексот тогаш станува значително поквалитетен.

Извор: krstarica.com

Најново

Последни колумни